fbpx

Белење на заби: Предности и недостатоци

Белење на заби: Предности и недостатоци

Забите може да пожолтат или да ја променат бојата од различни причини. Доколку сакате да ги осветлите или избелите, можете тоа да го направите безбедно, на неколку начини. Можете да го посетите Вашиот стоматолог за професионални третмани за белење на забите или да ги пробате другите начини на белење на заби во домашни услови. Иако постојат одредени несакани ефекти од белењето на забите, најконвенционалните третмани за белење се безбедни се додека ги следите упатствата на користење на истите.

Како настанува дисколорација (промена на бојата) на забите?

Забите ја менуваат бојата поради повеќе причини:

Надворешни фактори на дисколорација

Надворешните фактори како храна, пијалоци, пушење на цигaри создаваат наслаги на Вашите заби и тие ја губат нивната природна белина. Исто така, конзумирањето на кафе, чај, црвено вино, во поголеми количини, може да доведат до пожолтување на забите.

Промените на забите предизвикани од надворешни фактори можат да бидат третирани со пасти за белење на забите кои служат за отстранување на наслагите на забите.

Внатрешни фактори на дисколорација

Внатрешните фактори за губење на белината на забите се од внатрешноста на самиот заб. Најчесто тоа се случува при вадење на нервите на предните заби, употреба на медикаменти, болести од детството, инфекција на забот, траума на забот (скршен заб), или од самото стареење на организмот.

Овој тип на дисколорација се решава со професионално белење на забите во ординацијата на Вашиот стоматолог.

Промена на бојата на забот поради изваден нерв.

Вие би требало да одлучите како да ги избелите Вашите заби, во однос на типот на дисколорација.

Опции за белење на заби

Постојат повеќе методи и продукти за белење на забите. Ова се трите главни категории на методи на белење на забите:

  1. Професионално белење на забите во ординација од страна на стоматолог
  2. Препишано белење на забите од Вашиот стоматолог, за белење на забите во домашни услови
  3. Употреба на производи купени во продавница или нарачани преку интернет, без надгледување од страна на Вашиот стоматолог.

Можете да одберете одреден начин за белење на Вашите заби врз основа на еден или повеќе фактори, вклучувајќи:

  • Видот на дисколорацијата.
  • Цена на чинење на третманот.
  • Метод на третманот.
  • Вашата возраст.
  • Вашата дентална историја, вклучувајќи пломби и дентални коронки.

Се препорачува да разговарате со Вашиот стоматолог за методите на белење на заби пред да се одлучите за еден од нив. Вашиот стоматолог може да Ви препорача план за третман кој намногу ќе одговара на Вашите потреби. Би разговарале за неколку различни пристапи при белење на заби.

Сепак, имајте на ум дека времето потребно за безбедно избелување на Вашите заби зависи и од видот на дисколорацијата која ја имате и од методот кој ќе биде употребен за избелување на Вашите заби.

Професионално белење на заби

Вашиот стоматолог може да Ви препорача повеќе начини за белење на Вашите заби, било во ординација или во домашни услови. Генерално, начините кои ние стоматолозите ги користиме се базирани на Водороден пероксид, кој создава хемиска реакција со забот. Ова се смета за најбезбеден начин за белење на забите.

Белење на заби во ординација.

Овој начин на белење на забите се смета дека е најефикасен и најбрз. Исто така, ефектот од белењето е многу подолг за разлика од другите начини. Најчесто , потребно е една посета на стоматолог за овој начин на белење. Ова е затоа што концентрацијата на Водороден пероксид е поголема отколку во белењето на забите во домашни услови. Белење на заби во ординација е препорачливо доколку имате повлечена гингива или лезии на забите.

Во нашата стоматолошка ординација, користиме еден од најдобрите производи на пазарот за белење на заби, Bleach’n smile, од германската фирма Schuetz Dental.

Резултатите од белењето на заби во нашата ординација можете да ги видите на овој линк https://www.instagram.com/p/CDrNfbsB2nt/ Пратете го нашиот Инстаграм профил и очекувајте нови случаи наскоро.

Пасти за белење на забите

Пастите за белење на забите не содржат Водороден пероксид во својот состав. Цел на овие пасти е надворешниот слој на забите. Тие содржат абразиви за нагризување на површината на забите и е потребно многу долго време за видливи резултати.

Ленти за белење на забите

Исто така, како опција постојат и лентите за белење на забите. Тие содржат многу помала количина на водороден пероксид од професионалните продукти. Лентите се аплицираат на забите еднаш до два пати на ден, во одреден временски период, назначен од произведувачот. На пазарот постојат многу производители на ленти за белење на забите, секој со различна концентрација на избелувач.

Ленти за белење на забите

Активен јаглен и други методи на белење на забите

Активниот јаглен во последно време се користи често како средство за белење на забите. Нема научни докази дека тој ги избелува Вашите заби и би требало да се советувате со Вашиот Стоматолог доколку планирате да почнете да го употребувате. Доколку го употребувате на своја рака, без консултација од стоматолог можете неповратно да ги оштетите Вашите заби.

Несакани ефекти

Иако белењето на забите е безбедно, сепак би можеле да се јават одредени несакани ефекти после третманот, како:

Осетливост на забите на одредени дразби. Вашите заби можат да станат преосетливи на ладни дразби. Ова најчесто се јавува првите денови после третманот, а со тек на време оваа надразнетост исчезнува. Токму затоа, при професионалното белење на забите во ординација, сетот на Bleach’n smile содржи паста која се нанесува на забите после третманот, со која се намалува преосетливоста на забите.

Иритирана гингива. При третманот со било кое средство за белење на забите особено треба да бидеме внимателни на гингивата, бидејќи доколку средството дојде во контакт со неа, може да ја надразни и да се јават болни сензации. Тие сензации, сепак, исчезнуваат многу брзо.

Одржување на резултатите.

Колку време ќе трае резултатот на белењето на забите зависи и од храната и од напитоците кои ги внесувате секојдневно. Храната, пијалоците, чајот, цигарите ги пожолтуваат забите и неопходно е повеќе грижа за Вашите заби после белењето, со цел да се одложи нивното пожолтување и формирање на забни наслаги.

Се додека се придржувате на препораките од Вашиот стоматолог, забите ќе Ви бидат здрави и бели. Заедно со Вашиот стоматолог треба да го одберете начинот кој најмногу Ви одговара. Консултирајте го стоматологот за било какви несакани ефекти.

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk