fbpx

Екстракција на импактирани заби

Екстракција на импактирани заби. Импактирани заби се заби кои немаат место каде да изникнат (најчесто се тоа умниците), при што предизвикуваат воспаленија на гингивата, ја нарушуваат бактериската стабилност во устата и е неопходно да бидат екстрахирани. Непријатно чувство, будење од сон, отежнато отворање на устата, отежнато голтање се само неколку од симптомите на импактирани умници. Тие се развиваат релативно доцна во однос на другите заби. Нивното никнување е во периодот од 18 до 25 година од животот. Причините за импактирани заби се бројни, а најчести се: длабоко поставен заб во виличната коска, присуство на прекубројни заби, недостаток на простор во вилицата, неправилна положба на импактираниот заб. Тие најчесто се откриваат со анамнеза од страна на стоматологот и со РТГ снимка на сите заби (панорамикс). Третманот на импактираните умници е нивна хируршка екстракција (вадење).

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk