Доколку забниот кариес прогредира и се продлабочи до забната пулпа (нерв), тогаш настанува воспалување на нервот, при што е неопходно нервот да биде изваден при што не се нарушува континуитетот на забот и пациентот може да продолжи да го користи и да не чувствува никакви сензации на тој заб. Оваа процедура е безболна и се врши со апликација на локална анестезија.