1. Тотална протеза
Е еден од начините на кои се лекуваат пациентите кои немаат ниту еден заб. Тоталната протеза ја покрива целата вилица. На овој начин се надокнадуваат сите изгубени заби и делови на алвеоларниот продолжеток со што се овозможува одлична естетика и фонација;
2. Парцијална протеза
Се вметнува на пациенти кои што имаат изгубено неколку заби во една вилица, при што парцијалната протеза се закачува за преостанатите заби во вилицата;
3. Протеза над импланти
Ова решение за пациентите е естетски прифатливо, овозможува одлична стабилност на протезата и добра орална хигиена. Најпрвин се поставуваат топчести импланти и потоа на нив се закачува мобилната протеза која може да се извади за убаво да се исчисти и повторно да се стави.