fbpx

Општа стоматологија

ЧИСТЕЊЕ НА ЗАБЕН КАРИЕС И ПЛОМБИРАЊЕ НА ЗАБИ

Забниот кариес претставува патолошки процес кој доведува до деминерализација на тврдите забни супстанци. Најчесто при неговото формирање пациентите не чувствуваат никаква болка, туку само промена на бојата на забите или нерамнини на забите, и тоа на гризната површина на моларите. Многу е битно што побрзо да дојдете кај нас во случај да почувствувате било каква, па дури и најмала болка во забите, за навреме да се сенира и превенира забниот кариес.

Прочитај повеќе…

ЧИСТЕЊЕ НА ЗАБЕН КАМЕН

Забниот камен претставува цврста наслага на забите. Тој најчесто се јавува на долните предни заби од внатрешната страна и на горните бочни заби, затоа што тука се наоѓаат изводите на плунковите жлезди. Забниот камен настанува од забниот плак (меки наслаги) кој во устата се ствара половина час после миењето на забите.  Во самиот плак се наоѓаат бактерии кои се нормално присутни во устата, а забниот камен се формира 7 дена потоа. Причини за настанување на забен камен можат да бидат: 

Прочитај повеќе…

ЗАЛЕВАЊЕ НА ФИСУРИ

Залевање на фисури- е процес кој се врши на млади пациенти кај кои само што изникнале трајните бочни заби (моларите). Овие заби (моларите) имаат линиски вдлабнувања, кај кои е најпогодно создавањето на забен кариес. Самиот процес на залевање на фисури е потполно безболен.

Прочитај повеќе…

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk