ЕКСТРАКЦИЈА НА ЗАБИ
Доколку забот не може да се третира на конзервативен начин, се предлага негово вадење (екстракција)
ЕКСТРАКЦИЈА НА ИМПАКТИРАНИ ЗАБИ
Импактирани заби се заби кои немаат место каде да изникнат (најчесто се тоа умниците), при што предизвикуваат воспаленија на гингивата
РЕСЕКЦИЈА НА КОРЕНОТ НА ЗАБОТ
Ресекција на коренот на забот (Апикотомија): Кога индикацијата тоа го дозволува, (најчесто кај заби во фронтална регија), постои можност инфекцијата на забот да се излекува, без тој да мора да се вади
РЕСЕКЦИЈА НА ФРЕНУЛУМ
Ресекција на френулум (Френулектомија): Кај децата почесто, а кај возрасните поретко, ресичката (френулумот) може да предизвика дијастема (простор) помеѓу горните 90 централни инцизиви заради висок припој
НИВЕЛАЦИЈА НА КОСКЕНИОТ ГРЕБЕН
Нивелација на коскениот гребен: спаѓа во протетско-хируршки зафати каде што се отсрануваат коскените нерамнини на вилицата кои би биле болни при поставување на тотална или парцијална протеза