Ресекција на коренот на забот (Апикотомија): Кога индикацијата тоа го дозволува, (најчесто кај заби во фронтална регија), постои можност инфекцијата на забот да се излекува, без тој да мора да се вади. Апикотомијата претставува хируршки процес каде што се отстранува коренот на забот, заедно со инфекцијата на него. Самата постапка подразбира и задолжително лечење на каналот на коренот на забот, од каде се пренела инфекцијата на коренот.