Стоматолошка Ординација „ПЗУ Др. Доневски“
Вашата насмевка е нашиот предизвик
Во 2025 година се навршуваат 30 години од постоењето на „ПЗУ Др. Доневски“. 30 години напорна работа, континуирано усовршување и зголемување на кадарот кој постојано се грижи за вашето дентално здравје. Со скромни почетоци и големи напори, уште во далечната 1995 година д-р Стојан Доневски ја основа оваа дентална пракса и е меѓу првите стоматолози во Штип кои започнуваат со приватна пракса. Со специјализација во сферата на оралната хирургија се стекнува во 1992 година. Од 2014 година нашата ординација започнува со работа во нова област- Имплантологија. Квалитетот не застанува овде, тимот се проширува со дополнителен млад и професионален кадар кој веќе неколку години се усовршува и се грижи за осовременување на праксата во целина. Наскоро, нашиот тим ќе се збогати со уште еден специјалист по Орална Хирургија.
„Пзу Др Доневски“ има склучено договор со ФЗОМ од 01.01.2007 година и ние ја имаме довербата на повеќе од 3000 пациенти. Ги нудиме следните услуги:
° Општа стоматологија
° Орална хирургија
° Ендодонција
° Протетика
° Имплантологија
-
Бесплатни консултации
-
Гарантиран квалитет
-
Високо квалитетни материјали
-
Позитивни доктори
-
Пријатна ординација
-
Модерна опрема
-
Секогаш позитивни
-
Достапна локација
-
Без време на чекање
НАША МИСИЈА
За да ја обезбедиме најдобрата дентална грижа за нашите пациенти и за да обезбедиме пракса која ни дозволува сеопфатно да се грижиме за вашето дентално здравје во удобна и пријатна атмосфера.
За да го третираме секој пациент со достоинство, почитување и разбирање.
За да покажеме дека пациентот е ценет во оваа ординација.
Затоа, ви стоиме на располагање, нудејќи превентивна стоматологија, општа стоматологија, орална хирургија, ендодонтски третмани, имплантологија ... преку нашиот високо квалификуван кадар и мотивиран персонал кој секогаш покажува иницијатива во работата и грижата за пациентите. Проверете ги нашите услуги и уверете се во квалитетното и координирано работење на стоматолошка ординација Д.р Доневски!
ВИЗИЈА
Во иднина планираме воведување на нови современи технологии, нова опрема, поголема грижа за денталното здравје, како и усовршување и доедукација во областа на Имплантологијатa.