По препорака на Американската дентална асоцијација доволно е да се четкаат забите 2 пати дневно, веднаш после станување наутро и пред легнување навечер. Одберете четка која најмногу Ви одговара, но да не биде премногу тврда. Може да биде средно тврда или мека четка. Правете кружни движења со четката и темелно поминете ги сите заби.
Забен конец? Можете да го користите еднаш дневно. На пазарот постојат многу видови на забни конци, тенки, дебели, се зависи од Вас кој ќе го одберете. Исто така како помошно средство за вашата орална хигиена може да ги користите и течностите за испирање. Нивната првична улога е редукција на бактерискиот плак и успорување на развојот на бактерискиот биофилм. Со овие 3 начини на одржување на здравјето на Вашите заби тие ќе Ви бидат бескрајно благодарни.