Ние, како стоматолошка ординација, се грижиме не само за вашето орално здравје, туку и за вашето целокупно здравје. Затоа во овој блог ќе се посветиме на вирусот COVID-19 (Корона вирусот) и на останатите заразни болести и како да го спречите нивното ширење. Според препораките од Светската Здравствена Организација (СЗО), ризикот од заразните болести, вклучувајќи го и корона вирусот ќе се намали на следниве начини:
-Често и темелно мијте ги рацете со сапун и вода.


– Одржувајте дистанца од најмалку 1 до 1,5 метар доколку се наоѓате во иста просторија со некој кој кива или кашла.
-При кашлање или кивање, покријте ги носот и устата со марамче или свиткан лакт. Потоа веднаш фрлете го марамчето.


– Избегнувајте контакт на Вашите раце со очите, носот и устата, бидејќи со рацете се допираат многу предмети и можат да го “соберат” вирусот. Еднаш контаминирани, во допир со очите, носот и устата, вирусот навлегува во Вашиот организам и со тоа сте заразени.