fbpx

Интересни факти за забите (1 дел)

Интересни факти за забите (1 дел)

Ние, во Пзу Др. Доневски, веруваме дека е многу битно не само да ги третираме пациентите со голема грижа туку и да ги едуцираме за нивното орално здравје, се’ со цел да ги охрабриме да водат поздрав живот.

Подолу издвоивме 10 интересни факти за забите, кои мислиме дека ќе го збогатат вашето знаење.

  1. Емајлот на површината на забите е најтврдиот дел во целото тело.
Емајлот е најцврст дел во целото тело

2. Забите почнуваат да се формираат уште пред да се родиме – млечните заби или бебешките заби почнуваат да се формираат кога плодот е уште во матката, но тие се појавуваат или “никнуваат” кога детето е старо од 6 до 12 месеци.

3. Луѓето користат четири различни типови на заби (инцизиви, канини, премолари и молари) со кои ја сечат, кинат и гмечат храната.

4 типови на заби: Инцизиви, Канини, Премолари и Молари

4. Луѓето имаат само два “пара” на заби за време на целиот живот – млечни заби и трајни заби. Откако ќе Ви израснат трајните заби, потрудете се да водете сметка за нивното здравје.

5. Не постојат луѓе со исти заби – вашите заби се уникатни исто како и вашите отпечатоци, затоа бидете горди на вашиот уникатен сет од заби.

Во следниот блог, ќе Ви кажеме уште 5 интересни факти за забите. Останете со нас.

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk