Дали редовно се будите во текот на ноќта со главоболка, забоболка или болка во зглобовите? Овие знаци покажуваат дека Вие страдате од бруксизам, односно стругање на забите и би требало во најкус можен рок да нè посетите.
Ова се случува кога ги стругате (абрадирате) забите додека спиете. Последиците од оваа абразија можат да бидат скршени заби, прерано губење на заштитниот слој и преосетливост на дразби. Во екстремни случаи, шкртањето со забите може да предизвика повлекување на гингивата, расклатување на забите, мигрени и болки во зглобот во устата.
Оваа состојба се јавува од повеќе фактори:
– Лошо наредени заби во вилицата
– Претерано пушење на цигари
– Кај децата се јавува почесто отколку кај возрасните
– Генетски предиспозиции
– Високо-стресни ситуации
– Депресија
Како да се превенира Бруксизмот?
Заштитникот за заби е еден од најефективните начини за превенција од бруксизам. Во нашата ординација имаме одлично искуство со ова решение. Најпрвин се зема детален отпечаток од гризната површина на забите во горната вилица и после еден ден се става силиконскиот заштитник за заби во Вашата уста кој го носите навечер при спиење.
Доколку почувствувате било каква болка при стругање на забите ноќе, веднаш посетете нè за да ви земеме отпечаток. Закажете го Вашиот термин на овој линк https://drdonevski.mk/contact/. Нашите заштитници за заби им помогнале на многу пациенти да имаат мирни ноќи исполенти со сон, нешто што порано не можеле ни да го замислат.
Штитници за спортисти
Исто така, штитниците за заби можат да ги користат и спортистите.
Доколку се занимавате со спорт, дали активно или рекреативно, знаете дека повредите на забите после пад или удар се многу честа појава. Со цел да не си ги повредувате забите, се препорачува носење на штитник за забите.
Заштитните фолии би требало да се користат спортисти кои се бават со следните спортови
-фудбал
-кошарка
-бокс
-борење
-Боди билдинг.
Препорачливо е тие да се носат за време на натпревар или на тренинг.