fbpx

Паста за заби со јаглен за избелување на забите: Дали навистина функционира?

Паста за заби со јаглен за избелување на забите: Дали навистина функционира?

Јагленот е моментално еден од најголемите трендови во светот на здравиот начин на живот и козметиката. Стана тренди состојка во комерцијалните маски за лице и пилинзи, а некои луѓе се потпираат на него и за избелување на забите.

Активниот јаглен – кој што се употребува во производите за убавина и пастите за заби е ситен прашок направен од дрво, кокосови лушпи и други природни супстанци кои оксидираат на екстремно висока топлина.

Постојат многу видови на пасти за заби од активен јаглен на пазарот. Има висока апсорпција и медицински се користи за апсорпција и отстранување на токсини. Но, дали навистина делува во избелувањето на забите?

Прочитајте повеќе за предностите и слабостите при користењето на паста за заби со активен јаглен.

Активниот јаглен во пастите за заби може да помогне во отстранувањето на површинските наслаги на забите. Јагленот е средно абразивен и исто така може да ги апсорбира површинските дамки до одреден степен.

Сепак, не постои доказ дека има било какви ефекти на наслагите кои се наоѓаат под емајлот на забот, или пак дека има природен избелувачки ефект.

За да ги избелите забите, продуктот треба да делува како на површинските дамки, така и на оние кои се наоѓаат под емајлот на забот.

Иако активниот јаглен има одредени докажани придобивки, сепак не постојат доволно научни докази кои го вклучуваат и избелувањето на забите како една од нив.

Дали пастите за заби со јаглен се безбедни за употреба?

Потребни се повеќе истражувања за подолготрајните ефекти на пастите за заби со јаглен. Се препорачува стоматолозите да ги советуваат своите пациенти да бидат внимателни кога користат паста за заби со јаглен поради недокажаните тврдења и безбедност.

  • Пастата за заби со активен јаглен е премногу абразивна за секојдневна употреба. Користењето на материјали кои се премногу абразивни може да го “истроши” емајлот на забот. Ова може да ги направи Вашите заби да изгледаат пожолти откривајќи го дентинот, калцифицирано жолто ткиво. Исто така, може да ги направи Вашите заби преосетливи.
  • Повеќето брендови на пасти за заби со активен јаглен не содржат флуор. Флуорот му помага на емајлот на забот правејќи го поцврст, што значи дека ги штити Вашите заби од кариес. Постојат мал број на докази кои ги поврзуваат пастите за заби кои содржат јаглен со пребрзото расипување на забите.
  • Може да предизвика дамки на одредени заби. Честичките од јаглен може да се задржат во шуплините и пукантините на постарите заби.
  • Ефектот на јагленот врз денталните реставрации, се’ уште не е познат. Се’ уште не е познато како делува јагленот врз материјалите од кои се изработуваат навлаките, мостовите, коронките и белата пломба. Честички од јагленот може да се заглават помеѓу ваквите конструкции оставајќи црни или сиви линии.

Предности и недостатоци од употребата на паста со јаглен:

Предности

  • Може да помогнат при отстранувањето на површинските дамки на забите.
  • Може да го подобрат лошиот здив.
  • Може да помогнат да се превенира содавањето на наслаги доколку се употребуваат повремено и после професионално чистење на забите.

Недостатоци

  • Јагленот е абразивен и може да го “истроши” емајлот на забот и да направи забите да изгледаат пожолтени.
  • Не ги отстранува наслагите кои се наоѓаат под емајлот.
  • Секојдневната употреба може да предизвика преосетливост на забите.
  • Повеќето брендови во својот состав не вклучуваат флуор, којшто ги штити забите од расипување и кариес.
  • Може да остави наслаги на постарите заби и денталните конструкции, како навлаки, мостови, коронки и бели полмби.
  • Долготрајните ефекти и безбедноста се’ уште не се познати
Паста со јаглен
Паста со јаглен

Во крајна линија …

Иако пастите за заби со јаглен добија големо внимание и маркетинг, сепак не се поефективни од останатите пасти за заби на пазарот и другите продукти за домашно избелување на забите.

Може да помогне во отстранувањето на површинските наслаги, но ефектите од долготрајната примена се’ уште не се познати поради ограничениот број на истражувања. За поголема сигурност, советувајте се со Вашиот стоматолог за тоа која е најдобрата опција за Вас.

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk