fbpx

Дали умниците мора да се вадат?

Дали умниците мора да се вадат?

Умниците (Трети молари) се последните заби во вилицата и не е потребно да се вадат се додека се здрави, комплетно изникнати, гризаат правилно и е можно да се четкаат како дел од секојдневното четкање на сите заби.

Кога е потребно да се извадат умниците?

Многу често умниците немаат место во вилицата да изникнат правилно и прават проблеми на останатите заби. Преку РТГ снимки на устата и вилицата стоматолозите можат да ги предвидат проблемите кои може да ги направат умниците пред тие да изникнат, што значи дека не мора да почувствувате болка пред Вашиот стоматолог да ви препорача да го извадите забот.

Умниците можат да еруптираат во различни агли, неретко и хоризонтално и да предизвикаат проблеми како:

  1. Да останат комплетно скриени во вилицата, односно импактирани. Импактираните умници можат да предизвикаат воспаленија, односно цисти.

2. Умниците можат да изникнат делумно, односно да “ѕиркаат” под гингивата, што претставува влезна врата за бактериите. Затоа што е тешко да се дофатат убаво за време на миење на сите заби, парцијално изникнатите умници се влезна врата за бактериите да можат да се размножуваат, зголемувајќи ги шансите за воспаленија и инфекција на гингивата.

3. Ги туркаат соседните заби. Доколку нема место каде да никнат, тие никнуваат бутајќи ги соседните заби, при што доаѓа до нивно изместување а неретко и до воспалителни процеси на соседните заби.

4.Умниците се тешко достижни при миење на забите и поради тоа кариесот кој се ствара на гризната површина најчесто не може да се биде исчистен.

Ние најчесто им препорачуваме на нашите пациенти умниците да се извадат од 20-тата до 30-тата година од животот. Екстракцијата на умниците на млади години подразбира полесна операција и полесно опоравување.

Доколку се решите да го одложите вадењето на умниците, морате да го посетите Вашиот стоматолог веднаш штом ги почувствувате следниве симптоми:

  1. Болка
  2. Инфекција на меките ткива позади последниот заб во вилицата која се јавува повеќе пати
  3. Воспаление на гингивата

Зборувајте со Вашиот стоматолог за позицијата на Вашите умници и заедно можете да донесете солуција која е најдобра за Вас.  

Comment on "Дали умниците мора да се вадат?"

  1. […] еден од нашите претходни блогови (https://drdonevski.mk/2020/04/06/dali-umnicite-mora-da-bidat-ekstrahirani/) неколку пациенти ни пишаа пораки, велејќи дека имаат […]

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk