ПЗУ Др Доневски, како општествено одговорна стоматолошка пракса, со своите пациенти го споделува најновото соопштение од Центарот за Јавно Здравје – Штип:
„ЈЗУ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ – ШТИП уште еднаш апелира и ја задолжува јавноста да ги почитува мерките!
Состојбата со пандемијата не погодува сите, па така и најмладите. Меѓутоа и другарувањето на отворен простор мора и треба да има свои ограничувања. Задолжително треба да се избегнува групирањето во групи поголеми од две лица, носењето на заштитна маска е задолжително и на отворено кога не е возможно да се одржи потребната физичка дистанца од 1,5 до 2 метри. Одржувањето на хигиената на рацете и личната хигиена е од клучно значење за заштита од овој вирус.
Имено, поради забележаниот пораст на помлади лица и деца заболени од Коронавирус (COVID-19), како и континуираниот раст на заболени во општата популација, не можеме а да не упатиме апел и потсетување дека и децата се изложени на ризик. Иако симптомите кај децата можат да бидат поблаги, сепак тоа секогаш не е правило, а истите се најчести преносители на вирусот!
Вирусот е присутен и ќе биде уште долго доколку не се придржуваме кон мерките за заштита. Затоа, не можеме и не смееме да продолжиме да се однесуваме како да не не’ засега. Мораме да вложиме голем напор и труд, да бидеме кооперативни и дисциплинирани!
Прилагодувањето на новите услови на живот кои се рестриктивни за сите, е навистина тешко, но е од големо значење за да го спречиме ширењето на вирусот!
Ве задолжуваме безусловно да ги почитувате мерките!“