fbpx

6 грешки кои ги правите при миењето заби

6 грешки кои ги правите при миењето заби

Доколку ги миеме забите двапати на ден, ќе ги одржуваме чисти и ќе избегнеме проблеми со забите – така?

Не секогаш. Пореткото миење на забите не ни гарантира дека ќе ги отстраниме бактериите од усната шуплина и насобраниот дентален плак. Во овој блог ќе разгледаме неколку грешки кои повеќето луѓе ги прават додека ги мијат забите. Дали и Вие правите некои од овие грешки?

1. Миење на забите недоволно долго

Ова е првата и основна грешка – ние препорачуваме миењето на забите да трае барем  2 минути, двапати на ден. Односно, 2 минути пред да заминете во кревет и барем уште еднаш во текот на денот. Според Американската Академија за општа стоматологија, просечен човек ги мие забите од 45 до 70 секунди во еден ден или тоа се 23 до 35 секунди доколку ги мие двапати на ден (што е помалку од половина од препорачаното време!). Исто така, може да се случи и да не обратите внимание на тоа колку долго ги миете забите. Затоа, доколку користите обична четка за миење може да поставите тајмер на вашиот телефон, часовник или пак мал песочен часовник. Повеќето електрични четки за миење на заби “вибрираат” на секои 30 секунди, на тој начин би можеле да ја поделите устата на 4 регии, од горе кон долу и од лево кон десно и да поминете по 30 секунди на секоја регија.

2. Грубо миење на забите

Доколку употребувате погрешна техника при миењето, во комбинација со голем притисок доколку притискате посилно, може да предизвикате „трошење“ на забите и тоа потенцијално може да доведе до повлекување на гингивата. Доколку ги миете вашите заби „посилно“ не значи дека истите ќе бидат чисти. Голем број од електричните четки имаат сензор кој ќе затрепка доколку употребувате голем притисок при миењето. Потребно е да ги четкате забите под благ агол, отколку директно да притискате на забите, и да се посветите на секој заб одделно (заб по заб) наместо да стругате од една страна кон друга страна.

Грубо миење на забите

3. Употребувате погрешна четка за миење на заби

Обична четка наспроти електрична? Дебатата опстојува и понатаму… Еден факт кој го имаме востановено во нашата дентална пракса е тоа дека е навистина тешко да се досегнат умниците со обична четка за миење и многу често пациентите го изоствауваат задниот дел на вилиците. Со електрична четка за заби е многу полесно да се досегнат умниците без да има потреба да ја движите четката многу. Електричната четка може и да ви сигнализира кога употребувате поголем притисок при миењето на забите и гингивата, исто така и ќе Ве потсети дали доволно долго сте ги миеле забите. Сепак, без разлика дали Вашата четка е обична или електрична, треба да обратете внимание кога бирате според нејзините влакна. Влакната на четките треба да бидат меки или со средна мекост наместо тврди – потребно е да ги миете забите нежно, без да ги оштетите нив и гингивата. Истото се однесува и на големината на четката, не е неопходно да бирате четка со поголема глава како би ја опфатиле површината на еден заб одеднаш (за да бидете сигурни дека секој заб сте го исчистиле темелно), а не сите заби одеднаш!

Обична четка и електрична четка за заби

4.Употреба на стара четка за заби

Вашата четка нема да ви биде од корист доколку нејзините влакна се истрошени со текот на времето. Променете ја Вашата четка за заби или главата на четката за заби на секои 3 до 4 месеци. Истоа така многу е битно да ја промените Вашата четка доколку сте биле болни, бактериите можат да растат и да се развиваат на Вашата четка за заби и новата четка ќе превенира да не се заразите повторно.

Стара и нова четка за заби

5. Чистење со дентален конец и четкање само на предните заби

Некои луѓе ги чистат со дентален конец и четка само просторите помеѓу забите кои можат да ги дофатат, наместо просторите помеѓу сите заби. Истото не се однесува само на отстранување на храна, туку и на отстранување на финиот дентален плак и биофилмот помеѓу забите и гингивата. Ова е штетно и може да доведе до појава на кариес и болести на гингивата.

Клер и Фил Дантри

6. Некористење на интердентални четки за заби

Препорачуваме употреба на интердентални четки заедно со денталниот конец. Конецот доколку го употребувате правилно може да ги исчисти просторите помеѓу гингивата, сепак пожелно е да употребувате и интердентална четка за да ги исчистите забите странично, простор кој најверојатно го изоставате со четката и  денталниот конец.

Интердентална четка

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk