fbpx

Соопштение од ПЗУ Д-р Доневски

Соопштение од ПЗУ Д-р Доневски

Почитувани пациенти. Во време на пандемија од вирусот COVID- 19 (Коронавирус), ние како ординација се придржуваме кон одредени протоколи за Ваша и наша сигурност. При влегување во нашата ординација, Ве замолуваме да го слушате персоналот, кој ќе ви дава насоки како да се однесувате. Протоколот за пациенти е следниов:

  • Чистење на обувките пред влезот на ординацијата на специјален сунѓер со дезинфекционо средство,
  • Прскање на дланките на рацете со дезинфекционо средство,
  • Мерење на телесна температура со бесконтактен термометар.

Ве молиме да доаѓате сами (освен кога се работи за малолетни лица и за лица на кои им е потребна придружба), со претходно закажан термин. Незакажаните пациенти нема да бидат примени. Исто така, Ве молиме да носите заштитна опрема (маски и ракавици) при влегување во ординацијата. Најбитно од се, Ве молиме да одговарате точно на епидемиолошкиот прашалник во врска со тоа дали сте биле болни од Коронавирусот, дали сте биле тестирани, дали сте биле во контакт со заболен од вирусот, дали сте биле или моментално Ви е одредена мерка на самоизолација.

Мораме сите да ги почитуваме овие протоколи, за да го спречиме ширењето на вирусот. Од секој од нас зависи. Да бидеме одговорни.

Сподели:

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk