fbpx

Е макс безметална керамика

Е макс безметална керамика

Е Макс безметалната керамика е решението кое го бара модерниот пациент.

Побарувачката за естетски реставрации постојано расте, така што денешните пациенти не се задоволни само со тоа, забот да им изгледа нормално, туку бараат потполно природен изглед (облик, боја, топлина) во сите регии на усната шуплина, а особено во фронталната зона.

Е макс керамиката е материјал кој се наоѓа рамо до рамо со цирконијата кога е во прашање изработката на керамички навлаки. Транспарентност, траснлуценција се само дел од карактеристиките на овие навлаки поради кои е практично невозможно да се разликуваат од природните заби. Најдобри резултати се постигнуваат кога Е макс безметалната керамичка навлака се поставува на иструган природен заб. Освен овие исклучително естетски својства, Е максот исто така има и ТРИКРАТНО поголема цврстина од глеѓта на забите, што значи дека пукањето или кршењето на овие навлаки е практично невозможно (Е макс керамиката е толку цврста што дури ни јак удар со чекан не може да ја скрши).

Е макс безметалната керамика може да се искористи за надокнадување на било кој заб од забниот низ. Сите овие карактеристики се причина зошто ние во нашата ординација ги користиме Е макс навлаките како материјал за изработка за сите естески зафати.

Доколку го сакате најдоброто, Е МАКС БЕЗМЕТАЛНАТА КЕРАМИКА е Вашето решение.
Во прилог фотографии од Е Макс од нашата пракса.

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk