fbpx

Што претставува ендодонтски третман?

Што претставува ендодонтски третман?

Стоматологот Ви кажа дека треба да Ви се прави третман на каналот на коренот на забот или како што стручно се нарекува Ендодонтски третман на забот? Ако сте исплашени и не сте доволно упатени во оваа тема, не грижете се, не сте единствени. На милиони пациенти секоја година им се прави третман на каналот на коренот на забот и тоа им помага да го сочуваат забот и убавата насмевка. Затоа ние го направивме овој блог, да Ви објасниме се околу оваа тема.

Суштина на проблемот – Забната пулпа

Третманот на каналот на коренот е една врста лечење на внатрешноста на забот.

Најпрвин, да ја објасниме анатомијата на самиот заб. Забите се состојат од емајл (сјајниот дел на забот), дентин (цврстиот слој кој му дава белина) и Пулпа . Таа содржи крвни садови, нерви и сврзно ткиво и се протега од дентинот до коренот на забот каде што тој се врзува за околното ткиво кое го опкружува. Пулпата е најважна во процесот на растот и развојот на забот. Кога забот е веќе потполно зрел, тој може да егзистира и без пулпа бидејќи се “храни” со помош на ткивата кои го опкружуваат.

Анатомија на забот- Емајл, Дентин и Пулпа

Зошто се прави ендодонтски третман на заб?

Третманот на каналот на коренот се прави кога ќе настане инфекција или воспаление на пулпата на забот. Тоа воспаление може да настане од различни причини како: длабок кариес, често пломбирање на забите, абразија на вратот на забот. Воспалението на пулпата најчесто е пратено со јака болка, која трае 10-15 минути, па ја снемува, па потоа повторно се појавува. Многу често, болката се јавува во текот на ноќта, ве буди од сон и сте приморани да пиете лек за смирување на болката.

Знаците на воспаление се јака болка, преосетливост на ладно и топло, осетливост на допир.

Како ендодонтскиот третман го спасува забот?

Стоматологот во текот на ендодонтскиот третман внимателно го обликува каналот на забот, го полни со лек, става пломба и херметички го затвора забот. Препорачливо е после секој ендодонтски третман да се стави круна (навлака) на забот кој е третиран, со цел тој заб да се заштити од понатамошно кршење.

Во одредени случаи, како на пример кога каналот на забот е премногу крив, или инфекцијата продрела подлабоко во коската, не е можно да се изврши ендодонтски третман на тој заб. Доколку тој заб се наоѓа во предната регија, можно е да се изврши орално- хируршки третман на тој заб, а доколку е во задна регија, потребно е тој заб да биде изваден.

Дали процедурата боли?

Самиот ендодонтски третман е потполно безболен и се врши под локална анестезија.

Comment on "Што претставува ендодонтски третман?"

  1. […] Коронки (навлаки) се фиксни протетски надоместоци, вградени на еден заб или на забен имплант, кои ја покриваат забната коронка и и даваат еден нов, потполно природен изглед. Целта на една коронка (навлака) е да ја замени забната коронка која е оштетена од кариес, или забот е третиран еднодонтски. […]

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk