Знаеме дека нездравата храна делува лошо, не само за нашето тело, туку и за нашите заби. Но, дали постојат производи кои помагаат во одржувањето на здравјето на нашите заби? Дали постои нешто што не само ги чува, туку и делува нашите заби да изгледаат поубаво и поздраво? Секако дека да.
Правилната исхрана во голема мерка може да го спречи настанувањето на разни болести на забите и да допринесе Вашите заби да изгледаат бели и да бидат убави. Исто така, превентивната посета на стоматолог е секогаш добра одлука, но постојана грижа за Вашите заби е неопходна, бидејќи не секогаш можете да имате надзор од стоматолог.
Природни “чистачи” на забите се сите оние производи што со своите абразивни или хемиски својства придонесуваат за здрави заби, зајакнување или чистење на забите и гингивата.
Овошја, зеленчуци и намирници кои ќе помогнат Вашите заби да бидат здрави и бели…
Јаболко: Заради содржината и нивната структура, јаболката делуваат како четка за заби. Во тек на џвакање на јаболко, во усната шуплина се ствара плунка кој ги чисти забите и гингивата од бактерии. Јаболката исто така можат да помогнат и при лош и непријатен здив.
Јагоди и грозје: Овие видови на овошје изобилуваат со овошни киселини, заради кои Вашите заби ќе бидат побели и посјајни, а исто така спречуваат и настанување на дамки на забите.
Морков: Ги неутрализира бактериите во устата, а е преполн со витамини кои влијаат на целокупното здравје на организмот.
Зелен и црн чај: Овие два вида на чај не спречуваат само многу болести, туку и благодарение на нивниот состав го намалуваат ризикот од кариес и имаат антибактериско својство на Вашите заби, така што го елиминираат лошиот здив.
Сок од брусница или калинка: Содржат многу Витамин Ц, но и многу други витамини. Можат да спречат воспаленија на гингивата бидејќи ја штитат од бактерии. Се препорачува да се консумираат без шеќер.
Вториот дел од нашиот блог за здрава храна прочитајте го овде.
Здрава храна за здрави заби (2. дел) | ПЗУ Др. Доневски
[…] продолжение на претходниот блог, ќе се осврнеме на здравата храна за Вашите заби, […]