fbpx

Здрава храна за здрави заби (2. дел)

Здрава храна за здрави заби (2. дел)

Во продолжение на претходниот блог, ќе се осврнеме на здравата храна за Вашите заби, но овде ќе спомнеме и која храна не е толку добра за забите.

Чај од камилица има антисептички и антивоспалителни својства, а може да се употребува и за испирање на устата после екстракција на заби или операции на заби.

Портокал, ананас и лимон: Овие тропски овошја кои се преполни со Витамин Ц го зголемуваат лачењето на плунка, која ја испира храната и спречува создавање на дамки на забите.

Јаткасти плодови – Сите јаткасти плодови се богати со витамини, минерали, калциум, калиум и цинк, а тоа се компоненти кои позитивно влијаат на здравјето на забите

Оние производи што не се толку добри и што треба да ги избегнувате за Вашите заби да бидат здрави се:   

Производи кои содржат скроб – Чипсот, белиот леб, пицата, пастите и хамбургерот се нездрави. Делови од оваа храна се задржуваат помеѓу Вашите заби. Овие остатоци брзо се претвораат во шеќер кој ја оштетува глеѓта на забите.

Газирани и енергетски пијалоци – Содржат шеќери и со нивна консумација можат да настанат бројни болести на забите.

Суво овошје – Содржи концентриран шеќер и се лепи за забите. Тој шеќер се разградува и се развиваат бактерии во устата кои доведуваат до оштетување на забната глеѓ.

Без разлика на тоа што стоматологијата е напредната во поново време и постојат разни начини за подобрување на изгледот и здравјето на Вашите заби како што се вградување на забни импланти, фиксни протези, чистење на забен камен итн, Ви советуваме да бидете одговорни за Вашето орално здравје, бидејќи здравата насмевка е најубава насмевка.

Comment on "Здрава храна за здрави заби (2. дел)"

  1. […] Вториот дел од нашиот блог за здрава храна прочитајте го овде. […]

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk