fbpx

Како витамините и минералите делуваат на забите?

Како витамините и минералите делуваат на забите?

Општо познато е дека треба да јадеме витамини и минерали за да го подобриме здравјето, но дали знаевте дека тие исто така делуваат и на Вашите заби? Витамините и минералите што ги конзумирате имаат директно влијание на Вашите заби и непца. Во овој блог ќе објасниме како витамините и минералите кои ги јадете делуваат на Вашите заби и што можете да направите за да бидете сигурни дека внесувате доволно нутриенти за оптимално орално здравје.

Витамин Д

Витаминот Д е многу важен за здрави и цврсти заби и коски. Тој му помага на организмот да апсорбира калциум, кој е неопходен за раст и развој на забите. Студиите покажале дека луѓето со ниско ниво на Витамин Д имаат поголем ризик за развој на кариес и на проблем со гингивата.

Извори на Витамин Д: Сончева светлина, риба, грашок, жолчка од јајце.

Храна богата со Витамин Д

Калциум

Калциумот е најважен минерал за забите и игра главна улога во нивен раст и развиток. Без доволна количина на калциум, тие можат да станат слаби и кршливи, со што стануваат подложни на кариес и оштетување.

Извори на Калциум: млечни производи, зеленчук, млеко од соја, портокал, јаткасти плодови.

Храна богата со Калциум

Витамин Ц

Витаминот Ц е есенцијален при формирање на колаген, кој помага непцата да останат здрави. Тој исто така помага при заздравување на непцата и го намалува ризикот од воспаленија.

Извори на Витамин Ц: Цитрусни овошја, јагоди, киви, јаболко, грашок, банани, пиперки, брокула.

Храна богата со Витамин Ц

Витамин А

Витаминот А е исто така важен за раст и развиток на забите. Тој помага при создавање на здрава плунка, која е многу важна при испирање на бактерии и наслаги на забите.

Извори на Витамин А: Риба, јајца, моркови, домати, пиперки, спанаќ.

Храна богата со Витамин А

Витамин К

Му помага на телото да го апсорбира калциумот и помага да се активираат протеините кои играат улога во метаболизмот на коските. Исто така помага во заздравување после орално-хируршки интервенции или интервенции на непцата.

Извори на Витамин К: Брокула, зелка. краставици, домати, пиперки, банани…

Храна богата со Витамин К

Внесувањето на разновидни хранливи материи во Вашата исхрана е најдобриот начин да се осигурате дека добивате доволно витамини и минерали за оптимално орално и целокупно здравје. Доколку сте алергични на одредени производи, истите можете да ги консумирате со помош на суплементи кои се достапни. Консултирајте се со Вашиот лекар кога и да сакате да почнете одреден режим на исхрана.

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk