Како родител, Вие сакате што е најдобро за здравјето на Вашето дете. Исто така, сакате детето да има здрави заби. Ова се 5 совети како да го подобрите оралното здравје на Вашето дете.
1. Научете го да одржува редовна орална хигиена
Многу е важно детето уште од најмала возраст да стекне навика на редовно миење на заби. Купете му на детето четка за заби со меки влакна и паста за заби за деца со флуор. Научете го детето да ги мие забите два пати на ден, наутро после будење и навечер пред легнување. Редовното миење на заби ќе го спречи формирањето на кариес и ќе ги одржува забите здрави и цврсти.
2. Редовно носете го на стоматолог
Водете го Вашето дете на редовни контроли на стоматолог на секои 6 месеци или на онолку време колку Ви препорачува самиот доктор. Редовните прегледи се добри, поради тоа што може уште во најрана фаза да се забележат било какви промени на забите, кои во оваа фаза можат да се поправат безболно. Редовните контроли спречуваат понатамошно ширење на кариес и расипување на забите.
3. Едуцирајте ги за орално здравје
Едуцирајте го Вашето дете во врска со оралното здравје. Покажете му како да ги мие забите на правилен начин и натерајте го детето, миењето на забите да му стане дел од рутината. Објаснете му дека оралното здравје е многу важно и дека лошото орално здравје може да му предизвика многу проблеми.
4. Здравата храна е многу важна
Објаснете му на Вашето дете дека храната што ја јаде треба да биде здрава. Ограничете му ја употребата на слатки работи кои содржат премногу шеќери како гумени бомбони, газирани сокови, густи сокови. Наместо тоа, објаснете дека треба да јаде овошје, зеленчук, јаткасти плодови, сирење, кое содржи калциум кој е здрав за забите и непцата. (Повеќе за калциум прочитајте ОВДЕ)
5. Бидете му пример на детето
Децата учат најдобро при опсервација. Затоа, бидете им пример. Препорачливо е да ги миете забите заедно со нив, научете ги на правилна техника на четкање на забите и нека тоа биде една забавна активност, за да подоцна им стане дел од нивната рутина кога ќе пораснат.