fbpx

Имплантологија

Оралната имплантологија е гранка на стоматологијата која се занимава со дијагностика и поставување на забни импланти со цел враќање на изгледот, функцијата, естетиката, комфорот, говорот и здравјето на потполно или делумно беззабите пациенти.

Забните импланти претставуваат титаниумски конструкции кои се вградуваат во виличната коска и се замена за коренот за забот кој недостасува. Тие можат да се вградат во горната или во долната вилица, а со тек на време (3 до 4 месеци) се создава јака врска помеѓу коската и имплантот.

Титаниум е материјалот од кој се изградени забните импланти.  Тој е во потполност биоинертен, што значи дека организмот не го препознава како страно тело и со тоа не постои можност за негово отфрлање.

Забниот имплант се состои од 3 дела:

  • Титаниумски дел кој се вградува во виличната коска
  • Абатмент (Надоградба) кој се зашрафува за самиот имплант
  • Коронка која се поставува на надоградбата

Забниот имплант нуди неколку предности во однос на другите можности за замена на заб. Освен што изгледаат и функционираат како природен заб, имплантите ги заменуваат забите без “жртвување” на соседните заби. Имено, во случај на замена за еден заб со мост, неопходно е стругање на соседните заби.

Самата процедура на поставување на имплантите трае 3 до 4 мецеси. Најпрвин се поставува титаниумскиот имплант на местото на извадениот заб, потоа се чека 3 месеци за негова остеоинтеграција (припојување на имплантот за коската). Потоа се става гингивоформер, кој стои една недела, со цел да се оформи гингивата околу самиот имплант. Претпоследната фаза е поставување на абатменот (продолжетокот), за на крај да се постави коронката.

Кога се вградуваат забни импланти?

  1. Кога имаме недостаток на еден заб а околните заби се здрави или со мали пломби, вградувањето на имплант е идеално решение. Во такви случаи се избегнува потребата за стругање на соседните заби, изработка на керамички мостови.

 

  1. Забни импланти кај недостаток на повеќе заби во една вилица. Со поставување на 2 или повеќе импланти во беззаба регија се создава добра основа за изработка на мостови со што многу успешно се елиминира потребата за носење на вештачки вилици.

 

  1. Забни импланти кај недостаток на сите заби во вилицата. Со поставување на 6 импланти во една вилица се добива можност за изградба на фиксна мостова конструкција со што ќе се избегнат нелагодностите на носење на тотална мобилна протеза.

 

  1. Поставување на 4 мини импланти во беззаба вилица и потоа прикачување на тотална мобилна протеза за имплантите, при што таа има поголема цврстина и стабилност.

 

Во нашата ординација се поставуваат импланти од Фирмата Schuetz Dental од Германија, едни од водечките на европскиот пазар.

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk