fbpx

6 (не)изненадувачки ефекти на цигарите врз Вашите заби

6 (не)изненадувачки ефекти на цигарите врз Вашите заби

Сите знаеме дека пушењето на цигари е штетно за нашето здравје. Но дали сте знаеле дека цигарите можат да предизвикаат проблеми на Вашето орално здравје? Ова се 6 изненадувачки ефекти кои ги имаат цигарите на Вашите заби.

1. Создаваат забни наслаги и забен камен

Хемикалиите присутни во цигарите го спречуваат протокот на плунка во устата, што претставува олеснителна околност за бактериите да се залепат за забите и гингивата. Бактерискиот плак ќе се налепи на вратот на забите. Доколку не се мијат забите редовно, забниот плак може да премине во забен камен, што е толку цврст и не можете сами да го отстраните и ќе биде неопходна посетата на стоматолог. Кај пушачите, ризикот од воспаление на гингивата и периодонциумот е 3 до 6 пати поголем отколку кај непушачите. Овие воспаленија можат да стигнат до коренот на забот што може да доведе и до негово вадење. Дури и џвакањето на тутунот може да доведе до воспаленија на гингивата, при што таа ќе се повлече од забот со што бактериите полесно ќе влезат во забот и ќе создадат забен кариес

2. Забен кариес

Цигарите и димот од цигарите можат да предизвикаат сериозна штета во Вашата уста (многу луѓе ќе помислат на Орален карцином). Сепак, многумина од нас пушењето на цигари не ги асоцира на забен кариес, кој секако дека нашиот стоматолог веднаш штом ќе седнеме на стоматолошкиот стол ќе го види. Големите кариозни лезии на вратот на забот (создадени од цигарите) можат да доведат до инфекција и слаби заби, кои потоа може и да се скршат. Потоа скршените заби треба да бидат поправени, а тоа често и не е можно, туку единствено решение е екстракцијата (вадење) на оштетените заби.

3. Вашите заби ќе имаат жолти дамки

Веројатно најголемата промена при пушењето на цигари или џвакањето на тутун после долго време е губењето на белината на Вашите заби. Кај здрави заби, емајлот на забот (најповршниот слој) е проѕирен и бел. Насмевка со бели и светли заби е нешто што секој сака да го види. Но, пушењето или џвакањето тутун може полека но сигурно, да им додаде жолта боја на Вашите заби, а исто така може да се појави и лош здив од Вашата уста.

4. Пушачите имаат зголемен ризик за воспаленија на гингивата и третманите можат да бидат помалку ефективни

Воспалението на непцата (исто така познатo како периодонтални заболувања) е предизвикано од истите бактерии кои предизвикуваат создавање на забен кариес. Кога овие бактерии доаѓаат до непцето, го иритираат и создаваат воспаленија наречени гингивити. Ако не се третира гингивитисот, тој може да доведе до деструкција на ткивата околу забот, деструкција на самиот заб, расклатување на забот, па дури и може да дојде до негово вадење. Пушачите имаат многу поголем ризик од појава на гингивит. Исто така, полнењето на каналите на забите може да биде помалку ефективно кај пушачите.

5. Пушењето делува на циркулацијата на крв

Пушењето ја намалува нормалната функција на гингивата, предизвикувајќи инфекции и намалување на протокот на крв. Исто така, го успорува заздравувањето после поставувањето на импланти, вадење на заби или операција на заби (апикотомија). Токму заради ова, ние им кажуваме на нашите пациенти да избегнуваат цигари денот кога е направена некоја од овие интервенции.

6. Пушачите имаат зголемен ризик за орален карцином

Во денешно време општоприфатено е дека цигарите можат да предизвикаат рак на белите дробови, но исто така треба да се знае дека тие можат да предизвикаат и рак на усната, образите и гингивата. Кога канцерогените тумори ќе почнат да делуваат на Вашите заби, поголем е ризикот за “паѓање” на забите.

Tретман на забите

Доколку пушите цигари или џвакате тутун, намалете го ризикот за било како воспаление со тоа што ќе ги миете забите минимум 2 пати на ден, наутро веднаш по станување и навечер пред легнување. Исто така употребувајте забен конец најмалку еднаш дневно. Закажувајте редовно контроли кај Вашиот стоматолог за чистење на забен камен и полирање на забите. Доколку е можно намалете ја употребата на цигари. Истражувањата докажаа дека ќе го намалите ризикот од орален карцином доколку го намалите пушењето или уште подобро, доколку престанете.

Comment on "6 (не)изненадувачки ефекти на цигарите врз Вашите заби"

  1. […] Пушењето на цигари не само што предизвикува лош здив, туку создава и орални карциноми, а исто така може да ги пожолти Вашите заби и да ја иритира гингивата. Размислете за живот без цигари, за да ги намалите негативните ефекти од цигарите. […]

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk