fbpx

Занимливости поврзани со забите

Занимливости поврзани со забите

1. Што имаат заедничко гранките на дрвјата, влакната на дивите свињи и најлонот? Влакната на четките за заби биле правени од овие работи. Луѓето биле загрижени за својата орална хигиена уште од времето на стариот Египет. Античките гробници содржеле и мали дрвенести гранки чии краеви биле претворени во меки влакна. Во XV век, Кинезите правеле четки за заби од влакната од вратот на дивата Сибирска свиња. Современите четки, како што денеска ги знаеме не биле измислени се до 1937-та година.

Четка за заби од времето на древниот Египет

2. Овошјето во прав, талкот, медот, сушените цветови, глувци и дроб од гуштер биле состојките од кои се правеле античките пасти за заби и прашоци. Сапунот и кредата биле предложени компоненти во 1800-тите. Модерната паста за заби во туби била претставена на пазарот дури во 1850-тите години. Флуорот не бил додаден во пастата за заби се до 1956-тата година.

3. Чепкалките за заби не биле секогаш правени од дрво. Во античката доба, луѓето користеле комбинација од “чепкалки за заби и уши” направени од коски, сребро и злато. Овие “направи” биле користени многу слободно дури и од “најеманципираните” граѓани.

Чепкалки за заби од Античко време

4. Американците купиле над 2.7 милиони милји (4,3 милиони километри) дентален конец во 1996 година. Денталниот конец бил најпрво произведен во 1882 година и тоа од свила. Пред извесно време, бил произведен и дентален конец од Gore-Tex (високо водоотпорен материјал).

Конец за заби

5. Терминот “вооружен слуга” има приказна зад себе. Во времето на колонијализмот, должиците биле транспортирани од Европа во Америка за да работат како слуги. Наместо да потпишат договор, тие го заклучувале договорот со тоа што го оставале својот дентален отпечаток во восок.

Дентален отпечаток во восок

6. Бранителите од Аламо биле меѓу првите кои пробале гума за џвакање. Антонио Лопез де Санта Ана, мексиканскиот дикататор кој се борел против Дејви Крокет и неговите тексашки соборци,  ја претставил модерната гума за џвакање. Неговата верзија на гума за џвакање била “chickle” гума за џвакање направена од природен латекс. Томас Адамс, Американски пронаоѓач, употребил “chickle” како основа за комерцијалната гума за џвакање. Постојат гласини дека “chickle” можеби е изворот за името на брендот “Chicklets”.

Гуми за џвакање од брендот “Chiclets”

7. Франциско Гоја, познатиот шпански уметник, претставил морбиден стоматолошки обичај карактеристичен за неговото време во сликата насловена како “A Caza de Dientas” или „ловење на заб“. Стоматолозите во тоа време трансплантирале “живи” заби, често украдени од мртви, во празните алвеоларни чашки на пациентите.

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk