fbpx

7 начини да го надминете стравот од стоматолог

7 начини да го надминете стравот од стоматолог

После еден од нашите претходни блогови (https://drdonevski.mk/2020/04/06/dali-umnicite-mora-da-bidat-ekstrahirani/) неколку пациенти ни пишаа пораки, велејќи дека имаат проблем со нивните заби, но се плашат да дојдат кај нас. Многу пациенти имаат страв од стоматолог (дентофобија) и бараат начин да се смират пред да дојдат во закажаниот термин. Многумина од нас имаме страв од стоматолог поради некое искуство кое сме го имале на стоматолог во детството и тој настан ствара нервоза кај нас. Ние, како стоматолози, правиме се што можеме нашите пациенти да се чувствуваат удобно пред, за време или после рутинска интервенција или потешка операција, со тоа што зборуваме со нив, смирувајќи ги и кажувајќи им дека целата процедура е безболна.

Дентофобија – Страв од стоматолог

Токму затоа, во овој блог ќе разгледаме неколку начини да им помогнеме на нашите пациенти како да се подготват пред да дојдат кај нас и дојдовме до 7 трикови како да ги смирите Вашите нерви пред да нe’ посетите.

1. Подгответе се да го споделите стравот со нас

Можете слободно да му кажете на Вашиот стоматолог дека чувствувате страв пред одредена интервенција. Со тоа Вашиот стоматолог ќе Ве води низ целата процедура која ќе се прави на начин којшто ќе Ви помогне да се смирите.

2. Планирање однапред

Закажете во Вашиот преглед или операција во ден кога нема да сте зафатени со било какви останати обврски. Ова ќе му дозволи на Вашето тело да се опушти.

3. Внимавајте на внесот на храна и пиењето на вода

Пред било каква интервенција, избегнувајте било каква храна која содржи шеќери или кофеин. Наместо тоа, испијте една шоља чај од камилица, или една до две чаши вода.

4. Практикувајте техника на длабоко дишење

Длабокото дишење е клучна компонента да се остане мирен и релаксиран за време на интервенцијата.

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk