fbpx

7 начини да го надминете стравот од стоматолог

7 начини да го надминете стравот од стоматолог

5. Посетувајте го Вашиот стоматолог редовно, избегнувајте прескокнување или одложување на прегледите

Стравот од тоа дека нешто не е воред со Вашите заби, може да ја одложи посетата на стоматолог. Кога го посетувате стоатологот на секои 6 месеци, Вашите заби ќе бидат здрави, и стравот ќе се намали.

6. Замолете го докторот да го објасни целиот процес на лечење на забот

Ние секогаш сакаме да им ја објасниме на нашите пациенти целата процедура на било која интервенција, без разлика дали е тоа чистење на забен кариес и поставување на пломба, чистење на забен камен или вадење на заб. Ова го правиме бидејќи сфативме дека без разлика дали пациентот се плаши или не (од посетата), објаснувањето има смирувачки ефект.

7. Дополнителни медикаменти

Во одредени случаи на преголем страв, ние им советуваме на нашите пациенти, пред посетата кај нас, да земат дополнителни медикаменти (најчесто Дијазепам од 2мг), кој ќе ги смири нивните нерви и нивниот страв.

Заклучок

Како стоматолози, ние секој ден се среќаваме со пациенти кои се плашат од било каква интервенција на стоматолошкиот стол. Всушност, оваа појава е многу честа. При самото влегување во ординацијата, мора да не’ известите дека чувствувате страв, за да го направиме целиот тој процес посмирувачки за Вас.

Доколку се чувствувате несигурни во врска со Вашите заби, сакаме да Ве потсетиме дека ние не сме тука за да ги критикуваме или осудуваме Вашите заби, или начинот на кој Вие ги одржувате. Наша задача е да обезбедиме висококвалитетна нега и експертиза, се со цел да третираме било какви проблеми во Вашата усна шуплина. Со тоа Ви помагаме да имате здрави заби и здрава насмевка.

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk