fbpx

Што предизвикува лош здив?

Што предизвикува лош здив?

Лош здив. Сите знаеме што е тоа и сме биле засрамени од нашиот, барем еднаш во животот. Но, што го предизвикува? Знаењето и разбирањето што го предизвикува, може да Ви помогне да го превенирате. Прочитајте го овој блог и дознајте ги причините за настанување на лошиот здив. Исто така познато како Халитозис, лошиот здив може да биде предизвикан од повеќе фактори

Храна

Некои од продуктите кои ги конзумираме речиси секојдневно предизвикуваат привремен лош здив . Кромид, лук, кафе, лута зачинета храна можат да ја расипат свежината во Вашата уста. Измијте ги забите, земете гуми за џвакање или употребете Средство за испирање на устата за да ја вратите свежината на Вашата уста.

Цигари

Пушењето на цигари не само што предизвикува лош здив, туку создава и орални карциноми, а исто така може да ги пожолти Вашите заби и да ја иритира гингивата. Размислете за живот без цигари, за да ги намалите негативните ефекти од цигарите.

Проблеми со забите

Лошиот здив може да биде предизвикан од проблеми со забите, како што се воспаление на гингивата, забен кариес и забен камен. Посетете го Вашиот стоматолог за да Ви направи Контролен преглед, за да утврди дали лошиот здив е предизвикан од проблеми со забите.

Бактерии

Без детално миење на забите, поминување со конец помеѓу забите и редовна посета на Вашиот стоматолог, бактериите нема да се отстранат од Вашата уста. Тие се лепат за забите и предизвикуваат лош здив. Според советите од Американската Дентална Асоцијација , миењето на забите 2 пати на ден, редовното користење на конец и редовни контроли на Стоматолог, ќе го регулира нивото на бактерии во Вашата уста и лошиот здив ќе остане минато.

Сува уста

Недостатокот на плунка, кој може да биде предизвикан од разни медикаменти, цигари или други причини, доведува до сува уста. Споделете го овој проблем со Вашиот Стоматолог и заедно со него дојдете до решението.

Болести

Инфекции на синус, тонзилити, болести на белите дробови,па дури и Дијабетес можат да бидат причина за лош здив. Вашиот матичен лекар може да ви препише одредени лекови за овие болести кои можат да Ви предизвикаат сува уста и токму поради тоа да имате лош здив.

Апарат за мерење на шеќер во крвта

Откривање на причините за Лош здив

Најдобар начин за откривање на тоа што се причините за лош здив е да бидете искрени за начинот на живот кој го живеете со Вашиот Стоматолог и Вашиот матичен лекар. Тие ќе Ви помогнат во ослободување од лошиот здив. Многу често, лошиот здив го снемува кога ќе престанете да пушите цигари, ќе го одржувате Вашето орално здравје на високо ниво (Миење на забите 2 пати дневно) и со редовна посета на Стоматолог. 

Сподели:

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk