fbpx

7 митови за Вашите заби (1 дел)

7 митови за Вашите заби (1 дел)

  • “Добро е да се пијат газирани сокови без шеќер”
  • “Забниот конец создава простор меѓу забите”
  • “Чистењето на забен камен ќе ги расклати моите заби”
  • “Не ме боли забот, не морам да одам на стоматолог”

Што од ова сте слушнале до сега? Ние сме овде да ја споделиме вистината за овие митови во врска со стоматологијата што ги слушаме речиси секој ден. Прочитајте го овој блог и дознајте како да го зачувате Вашето орално здравје.

Мит бр. 1: “Чистењето на забен камен ќе ги расклати моите заби и ќе мора да бидат извадени”

Вистина: Чистењето на забен камен може многу да Ви помогне. Тоа ќе ги зацврсти забите, ќе ја врати гингивата по првобитна положба, ќе ве ослободи од лош здив, ќе го намали и стопира крварењето од гингивата при миење на заби и ќе го врати сјајот на Вашите заби.

Чистење на забен камен. Пред и потоа

Мит бр. 2: “Треба да одите на стоматолог само доколку Ве боли заб”

Вистина: Сигурно сте ја слушнале изреката “Подобро да се спречи отколку да се лечи”. Но, она што е помалку познато е дека дијагнозата и лечењето на забот во порана фаза е многу полесно и поевтино за пациентот, отколку да се лечи подоцна.

Како што напоменавме во неколку од нашите претходни блогови, дури и да не осеќате било каква болка, посетете го Вашиот стоматолог најмалку 2 пати годишно. Некои од воспаленијата се асимптоматски (нема никаква болка), но може да предизвикаат поголеми инфекции и мора да бидат третирани. Доколку чекате премногу долго, третманот кој е потребен за лечење на забот може да биде многу поскап од претходно, кога не сте чувствувале речиси никаква болка. Исто така, забот има помала шанса да се спаси доколку задоцните со доаѓање. Сето ова доведува до заклучок дека превенцијата Ви спасува и време и пари.

Мит бр. 3: Чистењето со забен конец создава празнина помеѓу забите

Вистина: Забниот конец не создава празнини помеѓу забите, туку напротив, тој помага во превенција на создавање на забен камен и наслаги помеѓу забите. Кога користите забен конец, Вие ги отстранувате остатоците од храна кои се заглавиле помеѓу забите и гингивата, а тоа ќе им помогне да останат здрави. На почеток, при користење на забниот конец, можно е појава на крварење на гингивата, но со постојана употреба на конец крварењето ќе намали и постепено ќе престане.

Comment on "7 митови за Вашите заби (1 дел)"

  1. […] еден од нашите претходни блогови зборувавме за митови поврзани со забите и оралното […]

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk