fbpx

Колку долго да користите една четка за заби?

Колку долго да користите една четка за заби?

Кога ја купивте Вашата последна четка за заби? За жал, не се грижиме доволно за нашата орална хигиена и ги забораваме овие работи. Како и да е, ова се неколку важни правила кои мора да ги почитуваме за да го одржиме оралното здравје на задоволително ниво.

На што да обрнеме внимание кога купуваме дентални производи?

За време на следната посета, прашајте го Вашиот стоматолог за совет во однос на тоа каква паста за заби и четка за заби да купите базирано на Вашите индивидуални потреби. Ние најчесто им советуваме на нашите пациенти да купуваат четки со меки влакна, бидејќи четките со тврди влакна би можеле да предизвикаат крварење на гингивата. Одберете четка со големина на главата која ќе опфаќа 1 или 2 заба одеднаш. Употребувајте паста за заби која содржи флуор, размислете за употреба на Вода за испирање која ќе спречи создавање на наслаги на забите, а исто така опција може да биде и употребата на забен конец.

Дали може да употребувам електрична четка за заби?

Употребата на електрична четка за заби може да варира од пациент до пациент. Пациентите кои имаат проблеми со непцата (обилно крварење, или напредна фаза на гингивитис) не би требало да употребуваат електрична четка, бидејќи со тоа непцата уште повеќе ќе бидат воспалени и крварењето ќе се зголеми. Доколку ги немате овие проблеми, користењето на електрична четка може многу да Ви помогне. Зборувајте со Вашиот стоматолог во врска со оваа тема и дојдете до заеднички заклучок дали да користите ваков вид на четка за заби.

Електрична четка за заби

Кога е време да ја промените четката за заби?

Повеќето стоматолози и Американската Дентална Асоцијација се сложуваат дека треба да ја менувате четката за заби на секои 3 месеци. Со тек на време, влакната на четката дополнително омекнуваат и стануваат неефективни во отстранувањето на наслагите од забите. Истражувањата покажаа дека влакната на четката размекнуваат и се кршат по 3 месеци на редовна употреба. Уште една загрижувачка околност е тоа дека бактериите можат да се наталожат на влакната на четката. Затоа, промената на четка за заби после прележување на грип или настинка е задолжителна, за да се спречи ризик од повторна појава.

Стара и Нова четка за заби

Бактериите исто така може да останат на влакната на четката доколку таа не се испере убаво после употреба. Убаво плакнење на четката и складирање во чиста чаша или сад е задолжително. Кога патувате, ставете ја на безбедно место во несесер, покриена со пластично капаче. Доколку не можете да се сетите кога последен пат сте ја промениле Вашата четка, проверете во каква состојба се влакната- дали се искривени, омекнати, и доколку е таков случај, веднаш заменете ја со нова.

  

Што може да се случи доколку не ја заменувате редовно четката за заби?

Ако веќе знаеме дека бактериите се акумулираат во влакната на четката и тоа не Ви е доволна причина тогаш треба да знаете уште неколку ризици кои можат да се случат. Еден од нив е и оштетување на непцето. Старите четки за заби повеќе не го отстрануваат денталниот плак од Вашите заби, што може да доведе до воспаленија на непцата. Затоа, редовно менувајте ја четката за заби.

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk