fbpx

Посета на стоматолог за време на Пандемијата од Корона вирусот

Посета на стоматолог за време на Пандемијата од Корона вирусот

Почитувани пациенти, ова се неколку факти кои треба да ги знаете во врска со посетата на стоматолог за време на пандемијата со вирусот КОВИД 19. Доколку се јавите на Вашиот стоматолог и му кажете дека имате еден од следниве симптоми: промена на боја на забот, скршена пломба, скршен заб кој не Ве боли, или пак доколку сакате да Ви биде исчистен забниот камен, одговорот на Вашиот стоматолог ќе биде дека нема да може да Ве прими. Ве молиме да не бидете разочарани, лути или изненадени од одговорот на Вашиот стоматолог. Сето тоа е за Ваше добро. А еве и зошто.

Нивото на преносливост на Корона вирусот е исклучително високо. Може да се пренесе во контакт со заболен, доколку ги допрете очите, устата или носот. Вирусот се пренесува исто така со кашлање, кивање, поздравување со дланките. Па така, во стоматолошката ординација, доколку дојде еден пациент заболен од Корона вирус, или е носител на Корона вирус, а нема никакви симптоми, тој е потенцијална опасност за сите оние кои се присутни во ординацијата или ќе влезат подоцна во текот на денот.

Исто така, треба да знаете дека и опремата која се користи во стоматолошките ординации, Ултразвукот за чистење на забен камен, турбина, пустер за вода, пустер за воздух, Физиодиспензер, генерираат високо количество на аеросоли (ситни капки вода) во големо количество кои потоа излегуваат од устата на пациентот и формираат облак од бактерии и вируси во воздухот.

Многу е опасно и за Вас и за луѓето во Ваша околина доколку во тој облак од микроби и вируси се наоѓа и Корона вирусот. Токму затоа, многу Стоматолози во светот, вклучувајќи ја и нашата земја, ги стопираа интервенциите, се со цел превенција и заштита од инфекција. Кај нас, Министерството за Здравство издаде соопштение да се затворат стоматолошките ординации и во секој град и општина да има по неколку Дежурни амбуланти кои ќе примаат само пациенти со јаки болки. Под поимот ИТНИ СЛУЧАИ, спаѓаат следниве симптоми:

  • Јака болка во забот, која не поминува со аналгетици
  • Отечена гингива
  • Отечен заб
  • Скршен заб кој боли

Така, доколку имате било кои од овие симптоми кои спаѓаат во ИТНИ СЛУЧАИ, Вашиот стоматолог би требало да Ве прати кај дежурниот лекар за понатамошно лечење. Доколку ги немате овие симптоми, тогаш немате итна потреба да одите на стоматолог.

Останете дома

Останете здрави

Останете насмеани

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk