Во еден од нашите претходни блогови зборувавме за митови поврзани со забите и оралното здравје. Во продолжение, прочитајте го вториот дел од истиот блог.
Мит број 5. “Во ред е да се пијат газирани пијалоци кои не содржат шеќер.”
Вистина: Иако газираните сокови кои не содржат шеќер немаат својства кои предизвикуваат кариес, тие сепак се со високо ниво на киселост. Во нашата уста се наоѓаат бактерии на кои „им годи киселоста“ и кои предизвикуваат кариес. Газираните сокови без шеќер имаат ниво на pH од околу 2-3, додека водата е неутрална со pH вредност од околу 7. Киселината во газираните сокови без шеќер го разјадува емајлот (надворешниот заштитен слој на површината на забот) предизвикувајќи поголема сензитивност на забот. Некои луѓе имаат навика постепено да пијат газирани сокови во текот на целиот ден, што всушност е поштетно. При секоја голтка, бактериите во вашата уста „почнуваат да работат со киселината“ и го напаѓаат емајлот. Потребни се околу дваесетина минути за да вашата уста повторно ја неутрализира киселината и секогаш кога ќе земете голтка тој 20 минутен „напад“ почнува одново.
Покрај газираните сокови, други кисели пијалоци како сок од портокал, цитрусни сокови, итн. можат исто така да направат слична штета. Најздравите алтернативи за да останеме хидрирани се водата, соковите од зеленчук и млекото.
Мит број 6. “Оралното здравје не е поврзано со целокупното здравје.”
Вистина: Вашето орално здравје е поврзано со вашето системско (целокупно) здравје и постојат многу корелации помеѓу Вашата уста и Вашето тело. Во уста со сериозно оштетување на забите и болест на пародонтот, е поверојатно бактериите да навлезат во крвотокот и да предизвикаат и други здравствени проблеми. Голем број на научни студии пронаоѓаат поврзаност помеѓу болести на пародонтот и срцеви заболувања, дијабетес, канцер и многу други.
Мит број 7. ”Моите заби не се здрави бидејќи стареам.”
Вистина: Стареењето не секогаш подразбира и влошување на оралното здравје. Луѓето кои се грижат за своите заби за време на своето детство и за време на целокупниот свој живот се’ уште имаат здрави заби и во своите повозрасни години. Слично на тоа, само затоа што сте млади не значи дека и Вашите заби ќе бидат здрави. Во нашата дентална пракса имаме посведочено на многу случаи, кога пациенти во своите 20ти и 30ти години имаат толку сериозно оштетување на забите, па морало да им бидат ставени вештачки вилици или мостови. Оралната хигиена е многу важна независно од годините, па затоа обидете се да ги четкате и чистите вашите заби во текот на целиот живот, за да имате здрави заби.
Заклучок: Бидете упорни во врска со Вашето орално здравје!
Ве охрабруваме да бидете упорни во одржувањето на здравјето на вашите заби. Одбегнувањето на рутинските и повремени контроли на стоматолог може да води само до повеќе проблеми. Малку време посветено на вашите заби секој ден ќе Ви заштеди многу часови проблеми – а да не зборуваме за пари – во иднина.
Доколку имате некакви проблеми или имате било какви прашања во врска со Вашето орално здравје, закажете го Вашиот термин на овој линк, а ние ќе Ви помогнеме да го одржите Вашето орално здравје во топ форма!