fbpx

Млечни и трајни заби. Што треба да знаете?

Млечни и трајни заби. Што треба да знаете?

Во овој блог ќе зборуваме за млечните и за трајните заби, за периодот на никнење, за хигиената…

Млечните (бебешки) заби почнуваат да никнуваат од 6 месец па се до 2 или 3 година. Со тек на време, овие млечни заби се заменуваат со трајни заби- од 6-тата година, преку пубертетот, до 21-та година кога би требало да никнат последните заби во устата- умниците. Млечни заби се вкупно 20 на број и тие се заменуваат со трајни заби кои се вкупно 32. На сликата подолу можете да го видите периодот во кој никне секој заб посебно.

Млечните заби имаат многу важна улога во развивањето на вилиците на еден човек. Тие им помагаат на децата не само да јадат, туку и чуваат место во вилиците за поголемите трајни заби кои ќе дојдат на нивно место. Имаме 10 млечни заби во горната и 10 млечни заби во долната вилица. Кога никнат трајните заби, завршуваме со по 16 заби во двете вилици, односно вкупно 32 заба.

Кога никнуваат трајните заби?

Трајните заби никнат по ист редослед со млечните заби. Најпрвин долните предни заби (инцизивите), па горните предни заби и потоа се оди редоследно кон назад кон моларите. Најчесто, првите млечни заби кои никнат се и први заби кои паѓаат и се менуваат со трајни заби. Исклучок од ова е, се разбира, доколку се оштети некој млечен заб, дали од кариес или од некој удар, па мора да биде изваден предвреме. На оваа слика пак, се гледа на која возраст никнуваат трајните заби. Најчесто, млечните заби кај децата почнуваат да се расклатуваат и вадат кога тие тргаат на училиште, на 6 годишна возраст. Промената на млечни заби во трајни се случува до 12 или 13 годишна возраст. Најпрвин се менуваат централните инцизиви, па латералните инцизиви, па канините и на крајот премоларите и моларите.

Последни трајни заби кои никнат и доколку никнат, се третите молари, попознати како умници. Може да се случи тие да не изникнат во вилицата, доколку нема доволно простор, или заради било која друга причина. Најчесто никнат од 17 до 21 година од животот. Посетете го Вашиот стоматолог да ги прегледа забите и да Ви каже дали имате умници и дали треба да бидат извадени. Како што никнуваат трајните заби, задолжително е редовна посета на стоматолог 2 пати годишно за да имате здрави заби.

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk