fbpx

Што се забни импланти?

Што се забни импланти?

Забните импланти претставуваат цилиндрични штрафови кои се поставуваат во виличната коска како замена за извадените природни заби. Ние, во Пзу Д-р Доневски ги користиме имплантите од фирмата Schütz Dental од Германија, едни од најдобрите на пазарот кај нас. Тие се изработени од титаниум и се биокомпатибилни, односно не предизвикуваат алергиски реакции.

Иако постојат повеќе начини за замена на заб кој недостасува, сепак ниту еден друг начин не се покажал толку ефикасен и долготраен како користењето на имплантите. Во одредени случаи, имплантите се и единствен избор за обнова на сите потребни функции на забот. Тие се применуваат кај луѓе кај кои постои напредна пародонтопатија, односно расклатување на забите, исто така поради неуспешно лечење на забот. Во некои случаи, кога пациентот нема ниту еден заб во горната или долната вилица, имплантите се единствена можност за добивање на фиксна надокнада (мост).

Предности

Имплантите можат да надокнадат еден или повеќе заби без да се стругаат соседните заби, како што е случајот со поставување на мост. Тие исто така, можат да послужат и како носачи за протеза, при што протезата е многу постабилна и поудобна за носење. Имплантите на ниту еден начин не ја нарушуваат функцијата на соседните заби, нешто што може да се случи при поставување на забните мостови. За разлика од забните протези, кои ствараат непријатно чувство на страно тело во устата, пациентот воопшто не чувствува никаква разлика помеѓу природен заб и оној со вграден имплант. Многу важно е да се знае дека имплантот цврсто сраснува за виличната коска, со што се спречува губитокот на коска и повлекување на гингивата околу имплантот. Исто така со имплантите се постигнува и висока естетика, што допринесува за пораст на самодовербата кај пациентот.

Тек на операцијата

Самата процедура на поставување на имплантот се изведува под локална анестезија и е потполно безболна. Неколку часа после операцијата можно е појава на болка во пределот на поставување на самиот имплант, која поминува со употреба на аналгетици. После имплантацијата во виличната коска, имплантот се остава да се врзува за коската 3 до 4 месеци, време за кое не би требало да се оптеретува со привремена или дефинитивна порцеланска навлака. После 3 до 4 месеци се врши ослободување на имплантот и поставување на Гингива формер, кој стои во устата 10 до 14 дена, по што се зема отпечаток од устата на пациентот и се поставува дефинитивната керамичка навлака.

После третманот

На пациентите кај кои се поставени еден или повеќе импланти, им се препорачува поголема хигиена на забите, за да не настане воспаление на гингивата околу имплантите. Исто така, се препорачува, еднаш до двапати годишно, пациентот да го посетува својот стоматолог и да се прават редовни контроли на кои ќе се следи ситуацијата со имплантите. Според истражувањата, 93 до 97 % од имплантите функционираат и после 10 години од нивното вградување. Токму затоа имплантите се сметаат за едни од најдобрите стоматолошки процедури со долгорочна прогноза за успех.

Кликнете на линкот за да видите еден случај од нашата пракса https://www.facebook.com/226650554445752/posts/1218220928622038/

Сподели:

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk