fbpx

Метало-керамички vs Безметални коронки

Метало-керамички vs Безметални коронки

Што се коронки (навлаки) и мостови?

Коронки (навлаки) се фиксни протетски надоместоци, вградени на еден заб или на забен имплант, кои ја покриваат забната коронка и и даваат еден нов, потполно природен изглед. Целта на една коронка (навлака) е да ја замени забната коронка која е оштетена од кариес, или забот е третиран еднодонтски.

Мостовите се вградуваат при недостаток на еден или повеќе заби, при што се состружуваат соседните заби и на нив се додава забот кој недостига во забниот низ.

Во зависност од тоа дали се потполно или делумно изработени од керамика, коронките ги делиме на метало-керамички коронки и безметални коронки.

Метало-керамички коронки

Металокерамичките коронки имаат надворешен дел од керамика, додека средишниот дел помеѓу забот и керамиката е од метал. Кај овие навлаки металната основа се изработува рачно, а за разлика од нив, Безметалните коронки се изработуваат машински (со CAD-CAM технологија), а со самото тоа и попрецизно се изработени.

Безметални коронки

Со безметалните коронки е можно да се постигне многу подобар ефект, што значи дека коронката изгледа во потполност како природен заб. Тоа што немаат метал како основа е причината за подобра проѕирност и природен изглед.

Безметалните коронки на циркониумска основа (Full Zirconia) I E-max безметалните коронки кои се употребуваат во нашата ординација се потполно биокомпатибилни (не предизвикуваат алергиска реакција).

Метало-керамичките коронки со тек на време (после 10 до 15 години) може ( но и не мора) да доведат до просветлување на металот, при што е потребна замена на истите.

Комбинација од метало-керамички и безметални коронки.

Се ова претходно напишано е предност за безметалните коронки. Меѓутоа, имајќи во предвид дека се повеќе од 2 пати поскапи од метало-керамичките коронки (7000 денари наспрема 3000 денари од коронка), многу пациенти се решаваат за комбинација од двата вида коронки. Најчестата комбинација е да се стави безметални коронки во предната регија (естетската регија) од 3 до 3, а страничните регии да бидат метало-керамички навлаки.

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk