Со почетокот на летото, многу од нас внимаваат да бидат во добра физичка кондиција. Сепак, кога ќе ја постигнеме посакуваната форма имаме навика да се опуштиме и да го занемариме се’ она што сме го постигнале во претходните неколку месеци. Ова, исто така, се случува и со нашето орално здравје.
Долгите, топли денови нe’ примамуваат да поминуваме повеќе време надвор од дома и да се храниме во барови, ресторани итн. Мораме да ги додадеме и празниците и летните одмори кога повеќе се релаксираме и ја занемаруваме нашата рутина.
Поради ова летото е “најпогодно” за да го занемариме и нашето орално здравје, па затоа мораме да ги предупредиме нашите пациенти да ги избегнат последиците од овие лоши навики кои ги практикуваме за време на летниот период.
ЗОШТО ПАЦИЕНТИТЕ ВО ЛЕТНИОТ ПЕРИОД ТРЕБА ПОЧЕСТО ДА ГО ПОСЕТУВААТ СВОЈОТ СТОМАТОЛОГ?
Иако во летниот период ни’ e потешко да посетиме стоматолог и тоа е еден од најмалку привлечните планови, сепак низа на состојби и дентални проблеми се појавуваат и ги тераат пациентите да се јават на стоматолог. Како на пример:
- Повеќе слободно време, како за децата така и за возрасните. Ова ги охрабрува пациентите да започнат или да продолжат онаму каде што застанале со третманите пред неколку месеци. Дополнително, децата имаат повеќе слободно време бидејќи не посетуваат училиште и немаат толку многу вонучилишни активности.
- Зголемување на бактерискиот плак и кариес. Поминувањето на време надвор од домот, придружено со проретчено четкање на забите или пропуштање на четкање на забите, може да предизвика крварење и воспаление на непцата.
- Проблеми со непцата. Остатоците од храна кои не ги елиминираме може да се трупаат во базата на забот и да предизвикаат формирање на забен камен и дентален плак што може да биде една од причините за појава на болести како што се гингивитис и болест на пародонтот.
- Појава на халитоза (лош здив). Слабата хигиена на усната шуплина придружена со слаба хидратација може да предизвикаат сушење на устата и појава на лош здив (мирис на устата). Ова е убедливо еден од симптомите кој најмногу им пречи на пациентите.
- Сензитивност на забите. Ова е класичен симптом за овој период од годината поради големата консумација на ладни и смрзнати пијалоци и десерти.
ШТО ИМ ПРЕПОРАЧУВАМЕ НА НАШИТЕ ПАЦИЕНТИ?
Идеално, сите пациенти треба да практикуваат соодветна дентална рутина за одржување на хигиената на забите, како и да е, за време на летните месеци тоа го запоставуваат.
- Правилно четкање на забите. Доколку редовното миење на забите после секој оброк не е возможно, препорачуваме плакнење на устата неколку пати, џвакање на гума за џвакање без шеќер или грицкање на јаболко, како би се обиделе да ги отстраниме сите траги од шеќер помеѓу забите. Сепак, да разјасниме дека преземањето на било кој од овие чекори не е замена за правилно и редовно четкање на забите со соодветна четка и паста за заби.
- Консумација на храна препорачана за забите. Постојат храни, т.е. овошки како на пример јаболкото и грозјето кои природно се добри за забите. Дополнително, можеме да ги заштитиме забите од хипер сензитивност консумирајќи храна богата со калциум како што се млечните производи, јајцата, риба, пилешко месо и говедско месо. За да на природен начин обезбедиме витамин Ц и А и флуор за нашите заби, препорачана е консумација на цитрусни овошки, како и храни кои се природно добри за исправување на забите и емајлот како моркови, банани и спанаќ.
- Редовно пиење на вода, не само за да избегнеме дехидратација, туку и за да обезбедиме густина на плунката која ни овозможува да ги зачуваме и заштитиме забите и непцата.
- Намалена употреба на тутун и алкохол. Прекумерната употреба на тутун и алкохол е подеднакво штетна во било кое годишно време. Сепак, во лето сме поподложни да претераме со нивна употреба.
- Елиминирање на штетни навики, како џвакање на мраз. Ова може да биде многу штетно и може да доведе до фрактури и пукнатини на забите.
- Употреба на штитници при спортување. Летото ги охрабрува луѓето да се занимаваат со спорт, а посебно да практикуваат групни спортови, водени активности и екстремни спортови, така забите и вилиците може да страдаат од удари и скршеници. Повеќе за ова може да прочитате на нашиот блог https://drdonevski.mk/2020/03/10/sto-e-bruksizam-i-kako-da-se-zastitite/