fbpx

Добро орално здравје, добро целокупно здравје

Добро орално здравје, добро целокупно здравје

Оралното здравје е витален дел од целокупното здравје. Истражувањата покажаа дека луѓето со послабо орално здравје (воспалена гингива или изгубени повеќе заби) имаат поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања како срцев удар, а исто така и гастроинтестинални проблеми.

Здрави непца

Кај најголемиот број пациенти, гингивата е розева и мазна. Отечена, црвена гингива е лош и загрижувачки знак за вашето орално здравје. Одржувајте ја гингивата здрава со редовно миење на забите со четка, забен конец и редовни посети за чистење на забен камен.

Цврсти и здрави заби

Каква е состојбата на Вашите заби? Дали се доволно цврсти и здрави, без кариес или забен камен? Ако сте забележале промена на бојата на забот, или отечена гингива, тоа може да предизвика проблем и би требало да не’ контактирате за да ја провериме ситуацијата во устата.

Свеж здив

Дали сте забележале дека Вашиот здив мириса дури и ако повеќе пати ги миете Вашите заби во текот на денот? Тоа може да значи дека имате проблем со Забниот камен. Присуство на храна помеѓу забите, пушењето на цигари и пиењето на газирани сокови, е поврзано со присуство на лош здив. Одржувајте го Вашето орално здравје со редовно миење на забите, после миењето поминете ги со забен конец и редовно посетувајте не’ за чистење на забен камен.

Здрава гингива и орални ткива

Уште еден знак за добро орално здравје е здрава гингива и околни ткива. Редовно проверувајте ги образите, јазикот и гингивата дали се розеви и мазни. Никако немојте да игнорирате било какво црвенило или иритација на овие делови од устата, бидејќи тоа потенцијално може да води до сериозни проблеми. Заштитете ги забните ткива (гингива, образи, јазик) со тоа што ќе избегнувате прекумерно пушење на цигари или пиење на големо количество газирани сокови. Редовно одржувајте орална хигиена.

Ако забележите било кој од наведените проблеми во овој блог, контактирајте не’ и закажете термин.

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk