Доколку Ви недостига замо еден заб во вилицата, тогаш имате повеќе опции. Она што најмалку се препорачува е да не направите ништо во однос на ова прашање. Не се работи само за естетиката. Заменувањето на еден изгубен заб е важно за враќање на максимална функција на забите, враќање на линијата на соседните заби и спречивање на нивно искривување.
Вашите заби држат место еден до друг. Па така, доколку еден заб биде изваден, и не се надополни може да предизвика проблеми повеќе проблеми. Соседните заби ќе се искриват и ќе дојдат на местото на извадениот заб, при што ќе се наруши континуитетот на вилицата и на загризот.
Во овој блог ќе Ви понудиме неколку опции на замена на еден заб.
Забен Имплант
Денешниот златен стандард е замена на еден заб со имплант. Имплантот всушност е замена за коренот на забот, за кој подоцна се прикачува порцеланска круна (навлака). За успешно да се постави имплантот, виличната коска мора да има одредена дебелинам, а исто така соседните ткива (гингива и заби) мора да бидат здрави. Одредени заболувања (проблеми со срцето, дијабетес) се контраиндицирани за поставување на импланти.
- Предности
- Естетски, функционално
- Ја стимулираат виличната коска да се ремоделира како со природен заб
- Не се оштетуваат соседните заби
- Намален ризик за воспаление на гингивата
- Недостатоци
- 2 до 3 пати поскапо од мост
- Потребна е мала операција за поставување на имплантот
- Потребно време од почеток до крај е 3 до 4 месеци. Најпрвин се поставува имплантот, после 2,5 месеци абатменот, и после 1 месец круната (навлаката)


Фиксен мост
Пред да постојат имплантите, фиксните мостови биле златен стандард за надокнадување на изгубен заб. Во овој случај, двата соседни заба кои се наоѓаат до извадениот заб се стругаат и се носачи на мостот, за во средина да се додаде забот кој недостасува.
- Предности
- Нормална функција и естетика на мостот
- Помалку чекање од почеток до крај (7 до 10 дена), за разлика од имплантите.
- Поевтини од имплантите
- Недостатоци
- Се оштетуваат соседните заби, бидејќи мора да се стругаат
- Коската под забот кој е изваден може да се повлече со тек на време


Мобилна парцијална протеза
Мобилната парцијална протеза за еден изгубен заб претставува едно пластично запче прикачено за соседните заби, кое може да се извади за да се измие.
- Предности
- Естетски и функционално
- Најевтина опција од сите 3 понудени
- Недостатоци
- Може да ги расклати соседните заби се тек на време
- Со тек на време може да ја изгуби стабилноста
- Може да предизвика кариес на соседните заби
- Виличната коска би можела со тек на време да се повлече

