fbpx

Чистење на забен камен и полирање на забите

Чистење на забен камен и полирање на забите

Чистењето на забите е многу важно затоа што само со правилно одржување на оралната хигиена можеме да ги сочуваме нашите заби здрави и да им го продолжиме нивниот животен век.

Меките забни наслаги (забниот плак и биофилмот) во устата постојано се создаваат.

Ако не ги отстраниме навреме, тие се натрупуваат во слоеви и така стануваат опасни за забите и за гингивата.

Во устата е присутна голема количина на микроорганизми. Тие се потребни за одржување на бактериската флора во усната шуплина и на имунолошкиот систем. Тегобите настануваат кога овие организми во топла и влажна околина забрзано се размножуваат, притоа стварајќи киселини кои се штетни за забите.

Што е дентален плак, а што забен камен?

Дентален плак претставува наслаги од бактерии кои непрестано се таложат на површината на забите.

Насобраниот плак може да ги задржи сите нечистотии на забите, а воедно е и главна причина за проблеми со гингивата. Денталниот плак се јавува после 4 до 12 часа од јадењето, затоа е многу важно да се мијат забите 2 до 3 пати дневно, а исто така важна е и употребата на забен конец.

Забниот камен настанува со задебелување на забниот плак, после неправилно четкање на забите.

Тој може да содржи многу нечистотии на забите, а исто така, забите ја губат својата природно бела боја. Тој многу цврсто се припојува за забот и за негово отстранување треба да се обратите кај Вашиот стоматолог.
Забниот камен содржи големи количини на бактерии, кои создаваат многу киселини, што ја нарушува самата структура на забот и може да дојде до појава на кариес.

Подложноста на таложење на дентален плак и забен камен варира од пациент до пациент.

Како да се ослободиме од забен камен?

Создавањето на забен камен за жал не можеме да го спречиме, но со добра орална хигиена и редовни стоматолошки прегледи и со редовно отсртанување можеме во голема мерка да го држиме под контрола и да делуваме на брзината на неговото создавање.

За да го решите проблемот со забниот камен, нашиот предлог е да дојдете кај нас за да го исчистиме.

Чистење на забен камен

Чистењето на забен камен подразбира отстранување на сите наслаги на забите: камен, плак, но и пигментациите на забите кои можат да бидат присутни.

Иако ова е често тераписка процедура, сепак се смета дека е превентивен метод.

Еднаш кога е формиран забен камен и не е можно да се отстрани со четка, паста за заби или забен конец, тогаш е потребна посета на стоматолог.

Самата процедура на отстранување на забниот камен вклучува употреба на Ултразвук со вибрации, кои го кршат и распрскуваат забниот камен, сето тоа со употреба на локален анестетик во вид на спреј, и целата процедура е речиси безболна. Во поретки случаи кога забниот камен е продрен под вратот на забот, може да се употреби и инјекција како локален анестетик.

Доколку не се чисти забниот камен, може да дојде до појава на гингивитис ( воспаление на гингивата), пародонтопатија (расклатување на забите) и губење на забите.

После чистењето на забниот камен, забите се полираат со специјална паста и четка, за да се врати сјајот и убавината на самите заби.

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk