fbpx

Концепт All on 6

Концепт All on 6

Концептот All on 6 е потполно иновативно решение на поставување на импланти за третман на беззабост. Пациентот си оди од ординацијата со фиксен мост со 12 заба.

All on 6 е стоматолошка процедура за пациенти кои имаат тотална протеза или имаат недостаток на повеќето или сите заби во една вилица. Најпрвин се поставуваат 6 импланти во една вилица и на нив се поставува фиксна надоградба (мост). Тоа е најфункционален избор и најдобро од се, изгледа како да имате природни заби.

Аll on 6 е трајно решение без покривање на кровот на устата и ви дава до 95% повеќе способност за џвакање во однос на традиционалните тотални протези.

Губитокот на забите е многу честа појава кај постарата популација. Поради современата технологија на вградување на импланти нема потреба од посета на стоматолог на секои 3-4 дена и нелагодности кои доаѓаат со класичните протези.

Наместо тоа, одлучете се за вградување на импланти по системот ALL ON 6.

All on 6

Што подразбира All on 6 техника на импланти?

Со употреба на само 6 импланти и потоа вградување на мост со 12 заба, можат да се заменат сите заби во една вилица во горната или долната вилица. Вградените импланти ќе бидат фиксирани на своите места со помош на специјализирани штрафови. Најдоброто од се е што нема да го имате чувството на “страно тело” во устата, имајќи во предвид дека имплантите функционираат како ваши природни заби.

После извршената имплантација ќе можете да јадете и уживате во храната која ја сакате, а сте ја избегнувале поради тоталните протези. Ќе можете да загризете јаболка, лесно ќе можете да јадете зеленчук, ќе можете исто така да уживате и во јадење на месо.

All on 6

Како функционираат All on 6 забните импланти?

Сакаме добро да ве запознаеме со целата процедура на поставување на имлантите и да разберете како оваа техника функционира, за да можете да утврдите дали ви одговара вам или некому кој го знаете. За почеток би требало да знаете што е всушност Забен имплант.

Имплантите претставуваат титаниумски штрафови кои го заменуваат коренот на забот кој недостасува. Тие совршено се вклопуваат во внатрешноста на виличната коска. Постапката за поставување на импланти во коската е тотално безболна и се врши под дејство на локална анестезија. Откако ќе се постави имплантот во устата, се чека 3 месеци за негово осифицирање (сраснување со коската). После 3 месеци следува поставување на фиксна мостова конструкција од 12 заба и нивно цементирање. Естетски ќе имате заби кои изгледаат сосема природно и заби кои се потполно функционални, исто како и природните заби.

Одлична работа кај All on 6 техниката на имплантација на заби е што не е потребно поставување на импланти за секој изгубен заб во вилицата. Добивате 6 совршено поставени импланти во горна или долна вилица. Со помош на овие импланти ние ќе ви ја вратиме вашата насмевка во многу краток рок.

Уште една голема предност во употребата на титаниумски импланти е тоа што овој материјал има единствена способност за фузија (припојување). Виличната коска потполно ќе се припои за титаниумскиот штраф (имплантот). Ова е одлично, имајќи во предвид дека повеќе никогаш нема да има потреба да се грижите дали новите бели заби некогаш ќе паднат. Оваа фузија исто така ќе го спречи понатамошното губење на коската кој би можел да се случи во вилицата. Поради оваа процедура ќе можете повторно да уживате во подмладената структура на вашето лице и секако, во подобро Орално здравје.

Вашата нова насмевка ќе биде долготрајна и прекрасна, а ќе ви ја врати и самодовербата која сте ја изгубиле.

Зошто да го одберете All on 6 системот?

Може да ги замени сите заби во вилицата

Дава чувство и функција како природните заби.

Ја чува виличната коска.

Долгорочно решение кај беззаби вилици.

Во ПЗУ “Д-р Доневски” можете да дојдете до совршена насмевка која одамна сте ја посакувале, со помош на All on 6 системот на имплантирање.

Leave comment

Кеј Маршал Тито 22/1

2000 Штип, Македонија

+389 32 391 654

Информации/Закажување

Работно време:

Пон - Пет: 8:30 - 19:30 Сабота: 08:30 - 13:30

Закажи онлајн

info@drdonevski.mk